Успешен настап на каратистите на Макпетрол на турнирот „13 Ноември“

309
0
АКЦИЈА

По повод ослободување на градот Скопје викендов во салата на Факултетот за физичка култура во Скопје,  се одржа интернационалниот карате турнир „13 Ноември“.

Овој турнир е со многу голема традиција и тој порано се одржуваше во сениорска конкуренција. Последниве години ова е турнир за помладите возрасни категории на спортисти.

На турнирот учествуваа 380 каратисти, меѓу кои и клубот Макпетрол кој освои 10 медали (по пет златни и сребрени).

– Натпреварот воедно ни послужи и како последна контрола пред Државното првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое треба да се одржи следниот викенд. Сега имаме уште една недела на располагање за да ги поправиме недостатоците во тактичкиот дел и да се обидеме да бидеме успешни на Државното првенство, изјави Бошко Заборски, тренерот на Макептрол.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР