Без струја утре делови од Илинден, Ѓорче Петров и Шуто Оризари

402
0
АКЦИЈА

Заради закажани технички зафати утре без струја ќе останат делови од општините Илинден, Ѓорче Петров и Шуто Оризари, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. 533 во местото Бела Земја, згради 1, 2, 3 и 4 и ул. 531 во Општина Илинден.

Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. 4 во село Никиштане, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците Ѓорѓи Пенков, Нов Живот, Диме Мечето, Вашингтонска, Селечка Планина, Гвадалахара, Шуто Оризари, Гарибалди, Волт Дизни, Гарсија Лорка и Метохиска во Општина Шуто Оризари.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР