Навивачи на Олимпијакос најавија инцидент за да биде казнет Грчкиот фудбалски сојуз

390
0
АКЦИЈА

Навивачи на Олимпијакос ќе се обидат да предизвикаат инцидент на вечерашниот дуел Грција – Хрватска со цел УЕФА да го казни Грчкиот фудбалски сојуз.

Според информациите во некои грчки медиуми, поради анимозитетот на фановите на Олимпијакос со Грчкиот сојуз, целта е да се направат проблеми на реваншот од плеј-офот за Светското првенство меѓу Грција и гостинот Хрватска која во Атина допатува со предност од 4:1.

За време на вчерашниот тренинг на „коцкестите“ во близина на стадионот на Олимпијакос одекнаа неколку силни експлозии.

Средбата е закажана за вечер со почеток во 20 часот и 45 минути.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР