ЕЛЕМ планира нова модернизација на РЕК Битола

351
0
АКЦИЈА

АД ЕЛЕМ планира нова модернизација на најголемиот енергетски капацитет во земјава РЕК Битола и рестартирање на производството во ТЕЦ Осломеј.

– Планирана е модернизација на Блок 1 во РЕК Битола. Претходните зафати за модернизација што беа направени во 2012/13 година на блоковите 2 и 3 практично ги намалија нивните производствени капацитети. Во моментов правиме анализа која е причината за тоа и како се случило наместо блоковите по интервенцијата да бидат помоќни, тие да ослабнат, вели за МИА генералниот директор и претседател на УО на АД ЕЛЕМ Драган Миновски.

Тој потенцира дека е во план ТЕЦ Осломеј одново да почне да работи кон средината или најдоцна до крајот на месецов.

– Во ТЕЦ Осломеј во тек се подготвителни активности за рестартирање на комбинатот и се прават напори да се ископа потребниот јаглен, посочува Миновски.

За ТЕЦ Неготино прецизира дека е во сопственост на државата, а АД ЕЛЕМ плаќа само годишен надоместок што го држи како ладна резерва.

– Според нашите сознанија, планирани се дополнителни инвестиции за модернизација на термоцентралата во следниот период и за нејзино рестартирање. Владата размислува да го модернизира и да го претвори ТЕЦ Неготино во когеративна електрана, односно да произведува електрична и топлинска енергија што ќе се користи за загревање на оранжерии, појаснува Миновски и додава дека се предвидува ТЕЦ Неготино да работи на природен гас.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР