Протести во Бон поради користење јаглен

369
0
АКЦИЈА

Еколошки активисти под мотото „Јагленот може да ја уништи нашата иднина“ синоќа протестираа пред германската термоцентрала на јаглен во Бон.

Германската Влада тврди дека ќе биде лидер во борбата против климатските промени, но одбива да одреди датум кога ќе престане да користи јаглен, кој емитува штетни гасови, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Околу 40 проценти од вкупната енергија произведена во Германија потекнува од јаглен.

Протестот се одржа во истиот ден кога Италија најави краен рок за престанок на користење на фосилно гориво.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР