Хаг: Одбиено барањето на Младиќ за одложување на изрекувањето пресуда

403
0
АКЦИЈА

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го одби барањето на одбраната на Ратко Младиќ за одложување на изрекувањето на пресудата закажана за 22 ноември. Адвокатите на Младиќ побараа одложување на пресудата со цел тој, чие здравје е влошено, да биде испитуван од српски лекари.

Судиите во одлуката наведоа дека извештаите на независните медицински експерти и персоналот во единицата за притвор на Трибуналот „покажуваат дека здравјето на обвинетиот останува стабилно”.

Младиќ е обвинет како командант на Армијата на РС за злосторства против муслиманите и Хрватите во БиХ од 1992 до 1995 година.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР