Матоши: Харадинај ќе биде во Брисел на 17 ноември

738
0
АКЦИЈА

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај ќе биде во Брисел на 17 ноември и тоа е неговата конечна одлука.

Ова за електронското издание на весникот „Експрес“ го изјави Халил Матоши, шеф на кабинетот на премиерот Харадинај,

Претходно, западни медиуми јавија дека косовскиот премиер може да биде уапсен за време на негово патување надвор од земјата,доколку Србија не ја повлече меѓународната потерница по него.

Матоши е убеден дека ни една посета на Харадинај нема да се откаже,вклучувајќи ја и предвидената посета на 17 ноември во Брисел кога ќе се одржи средба меѓу Косово  и ЕУ,во врска со Спогодбата за асоциација и стабилизација.

 Тој додава дека Владата не ги коментира пишувањата на медумите.

 – Ова е конечно,ќе има средба Косово-ЕУ во Брисел, на 17 ноември. Не ги коментираме пишувањата на медиумите ,но вистина е дека Харадинај ќе биде во Брисел на 17 ноември, изјавил Матоши.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР