Општина Битола должна 12.5 милиони евра, градоначалничката разочарана од задолженоста

563
0
АКЦИЈА

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, ја информираше јавноста дека по направените анализи и по извршениот попис од стручната комисија, утврдено е дека задолженоста на општината е 12 милиони 491 илјада и е 350 денари.

Според Петровска општина Битола во овој момент работи со неликвидност, односно немала и нема можности редовно да ги плаќа обврските кон своите добавувачи. Таа додаде и дека поради превисоките трошења над реалните финансиски можности и ненавремени плаќања, општина Битола само во текот на оваа година, по извршни судски решенија исплатила речиси 24 милиони денари, а во моментот општината е тужена за поголеми суми, а тужбите последно време се се почести.

„За две недели колку што сум на градоначалничката функција, успеавме да ја направиме почетната анализа, која е содржана во овие стотина страници. Бројките за жал се разочарувачки. На денот на пописот 31.10, општина Битола за пристигнати и преземени обврски е изложена на задолженост во висина од 768 218 028 денари, или искажани во евра тоа изнесува 12 491 350 евра“, истакна Петровска.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР