Основните училишта во Чаир на натпревар, квиз за заштита од пожар

320
0
АКЦИЈА

Осум основни училишта во општина Чаир, денеска се натпреваруваа кое е поподготвено во случај на пожар. Учениците одговараа на 12 прашања кои ги поставија пожарникарите од општина Чаир.

Ова е петтиот настан по ред кој се одржува со учениците на основните училишта од оваа општина. Нуредин Мустафа, организатор на овој квиз, рече дека настанот е организиран со цел учениците да бидат поподготвени во случај на пожар, а според него секоја година се повеќе има заинтересирани ученици. Првото место го освои основното училиште „Имри Елези“.

„Ова е петтиот квиз кој се одржува во општина Чаир каде учествуваат осум основни училишта. Ова претставува добар начин за подигање на нивото на противпожарната култура кај учениците. Навистина има голема заинтересираност и јас им се заблагодарувам на директорите на училиштата и на наставниците. Имаме многу заинтересирани ученици и мило ми е за тоа“, вели Мустаф

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР