Петиција за „Диво Насеље“ – Експертите скептични дека е можна меѓународна истрага

513
0
АКЦИЈА

Со петиција чија цел е собирање на 10 илјади потписи, се бара меѓународно разгледување на случајот „Диво Насеље“. Но, експертите по меѓународно право се скептични. Според професорот Мерсел Биљали, петицијата до Меѓународниот суд за правда би била адресирана на погрешно место.

„Јас мислам дека доколку таа петиција се достави до Меѓународниот суд за правда, веднаш ќе заврши во канта за ѓубре поради тоа што тоа е надвор од нивните надлежности. Меѓународниот суд за правда е орган на Обединетите нации кој има надлежност како прво да ги реши отворените прашања меѓу државите и меѓународните организации. Значи овој проблем е интерен проблем и е во врска со кривично правните прашања и нема никаква врска со тој суд“, вели Биљали.

Експертот по Уставно право, Беким Кадриу, истакна дека овој суд нема никаква надлежност да разгледува вакви случаи. Според него, првично треба да се искористат сите внатрешни правни средства за да се врати случајот на повторно разгледување.

„Првично да се искористат сите внатрешни механизми, до Апелација да се достави сериозна жалба и со тоа Апелациониот суд да има можност да го врати случајот на повторно разгледување.  Една од најважните институции на која што можеме да се обратиме е Европскиот суд за човекови права во Стразбур, која ќе го земе случајот за разгледување само откако ќе завршат сите внатрешни механизми на одбраната на човековите права“, смета Кадриу.

Премиерот Зоран Заев со став дека се информирани претставници на меѓународната заедница за да се најде начин како да дојде до меѓународна истрага.

Меѓународна истрага за случајот Диво Насеље побараа и роднините и одбраната на осудените, албанските политички партии од Македонија и Косово и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.

Денеска косовската Влада денеска издвои 219 илјади евра за семејствата на осудените и убиените во вооружениот судир на 9 и 10 мај 2015 година во Куманово.

 Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР