Премиерот Заев го претстави буџетот за 2018 година

999
0
АКЦИЈА

Предлог буџетот за идната година го претстави премиерот Зоран Заев. Тој во придружба на министрите од областа на економијата порача дека државната каса за 2018  обезбедува реално раздвижување на економијата преку повисоки капитални инвестиции и државна поддршка за нови инвестиции, зголемување на конкурентноста и раст на извозот.

Заев порача и дека во 2018 година уште поизразено ќе се продолжи со кратењето на непродуктивните трошоци и тие пари ќе бидат насочени  за потребите на граѓаните.

„Имаме пораст и кај приходната и кај расходната страна на буџетот. Вкупните приходи се планирани на ниво од 193, 5 милијарди денари, односно за 4,7% повеќе од ланската година. Вкупната вредност на буџетот изнесува 3 милијарди 430 милиони евра. Расходите се планирани на ново од 211,7 милијарди денари односно за 4,1% повисоки од претходната година“, истакна Заев.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа на предлог буџетот претставен од премиерот Заев. Сметаат дека во буџетот за 2018 та нема никаква развојна компонента, ќе придонесе само за зголемување на дефицитот и за нови задолжувања, а со вакви економски политики какви што води владата растот на БДП нема да биде повисок од 1%. Опозиционерите сметаат дека само нивните буџети биле реални и остварливи.

„Нас не ни треба обид нас не ни треба половичен исход, нас ни треба поголеми и 100% реализација на капиталните инвестиции, започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Сосема нереално е да се очекува 3,2% економски раст за 2018 година кога државата оваа 2017 година едвај ќе ја заврши со 0,5% раст, а можеби и негативен“, смета Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку предлог буџетот уште денеска ќе биде доставен до Собранието. Следува расправата во собраниската комисија за финансирање и буџет, па дури потоа се сели на пленарна седница. Таму ќе ќе следува и амандманска расправа од 5 работни дена за на крајот пратениците да гласаат за досега највисокиот буџет од осамостојувањето.

Иле Петревски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР