Протест на „Се македонски национален совет“: Бараат од Иванов да го одземе мандатот на Зоран Заев

1198
0
АКЦИЈА

Попладнево се одржа нов марш од канцеларијата на Европската унија до Вила Водно во организација на Се македонски национален совет – Македониум. Собрани пред влезот на резиденцијата на Ѓорѓе Иванов демонстрантите од неколку здруженија упатија барања на адреса на Иванов.

Побараа од претседателот да му го одземе мандатот на Зоран Заев, да посредува помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да се стави крај на како што велат братоубиствената војна. Побараа претседателот да се изјасни за, како што велат, големо Албанските дејствија во државата, потоа мешањето на соседите и меѓународниот фактор во внатрешната политика.

Воедно демонстрантите го повикаа Иванов јавно да ги повика македонските политички партии да не патуваат во Париз на состанокот кој го најави Иво Вајгл.

Сето ова го бараат, поради како што велат, загрозените национални интереси како што се името, идентитетот, јазикот, историјата и културата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР