Аеродромот да се вика „Киро Глигоров“ – На Заев му се допаѓа идејата

731
0
АКЦИЈА

Дипломатскиот клуб Скопје предлага Аеродромот „Александар Велики“ да се преименува во Аеродром „Киро Глигоров“.

Идејата е презентирана по повод 100 години од раѓањето на Глигоров, јубилеј кој ќе биде одбележан годинава. Со именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Република Македонија како современа држава – траен паметник во колективната меморија на граѓаните на Македонија, се вели во соопштението на Димпломатскиот клуб Скопје.

Прашан за идејата за преименување на Скопскиот аеродром во „Киро Глигоров“, премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, рече дека на прва рака му се допаѓа, но оти оти тој е само еден од граѓаните и сака да ги слушне нив.

Заев додава дека сака да ги слушне внимателно граѓаните и да се развие дебата по ова прашање.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР