Албанија ќе произведува муниција за НАТО

463
0
АКЦИЈА

Во воениот погон во Мјека,кај Елбасан заврши демонтирањето на застарената муниција и набрзо тука се очекува  да почне новата линија за прозводство на муниција за НАТО.

Министерката за одбрана Олта Џачка, во тој погон симболично го демонтира последнот куршум.

-Само што го демонтиравме последнот куршум од застарената муниција. Ги преземаме последните чекори за да конкретизираме една многу значајна инвестиција,со компанија која е лидер во Европа за прозводство на оружје и муниција за земјите членки на НАТО.Оваа инвестиција е многу значајна бидејќи многу семејства од оваа област тука ќе ја обезбедуваат својата егзистенција,рече Џачка.

Според Џачка станува збор за инвестиција вредна 25 милиони долари и во погонот,во прва фаза, ќе бидат вработени најмалку 150 лица.

Инаку,овој погон ја носеше најголемата тежина во процесот на демонтирање на муниција,при што во периодот од 2009 година досега тука се демонтирани  26 илјади тони муниција.

Џачка беше и во посета на погонот во Грамш каде продолжува процесот на демонтирање на муниција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР