Спасовски: Маалските полицајци се враќаат во Штип

376
0
АКЦИЈА

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најави дека маалските полицајци се враќаат на подрачјето на СВР Штип со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните.

– Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип е мирна и стабилна. Денеска им дадов задача на началникот и неговите соработници да почнат со подготовка за реализирање на проектот за маалски полицаец и враќање на позорникарите на улиците на СВР Штип. Тоа ќе го направиме и во другите градови. Маалскиот полицаец е најдобар партнер со граѓаните и на тој начин заеднички ќе ја зголемиме безбедноста, рече министерот Спасовски по посетата на СВР Штип и ПС Кочани.

На денешните средби во СВР Штип и ПС Кочани се разговарало и за условите за работа на полицајците и проблемите со кои се соочуваат.

Министерот Спасовски денеска оствари работни средби и со градоначалниците на Штип и Кочани, Благој Бочварски и Николчо Илијев.

– Соработката меѓу локалната самоуправа и секторите за внатрешни работи е многу важна ако сакаме да имаме безбедни градови, рече министерот Спасовски.

Во наредниот период министерот Спасовски ќе ги посети и останатите сектори за внатрешни работи. 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР