Донација од Кока Кола и Пивара Скопје за рекреативците

337
0
АКЦИЈА

На кејот на реката Вардар, во близина на скејт паркот отворена е десеттата „Кока Кола активна зона“, донација од Пивара Скопје и компанијата Кока Кола на Град Скопје. Ова е втора донација во Скопје, лани ваква зона за спортување беше отворена во општина Гази Баба.

Активната зона има најсовремени справи за вежбање, кои граѓаните ќе можат да ги користат бесплатно.

„Со Скопје ја заокружуваме и втората година од овој значаен проект и осврнувајќи се на овие две години во кои дониравме вкупно 10 активни зони, без сомнение можам да кажам дека луѓето од сите генерации кои секојдневно ги користат справите за спорт и рекреација, се доказ дека ‘Кока Кола Активните зони’ се успешен проект кој навистина успеа да го поттикне спортскиот дух, дури и кај оние што досега не се занимавале со спорт“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов рече дека “Кока Кола активната зона“ е од големо значење и апелираше до граѓаните да ја чуваат и да се грижат за неа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР