ИД со контранапад зазеде половина од последното големо сириско упориште

435
0
АКЦИЈА

Исламската држава изврши контранапад и зазема речиси половина од градот Албу Камал, еден ден откако сириската армија ги протера џихадистите од тој сириски град, последниот што ИД го контролира во земјата, објави денеска Сирискиот центар за човекови права.

– ИД спроведе контранапад во четвртокот вечерта и зазема повеќе од 40 отсто од градот Албу Камал на сирискиот исток, рече Рами Абдел Рахман, директор на Центарот.

Албу Камал се наоѓа во провинцијата Деир Езор, на исток од Сирија.

Сириската армија во четвртокот, по заземањето на Албу Камал, прогласи победа над ИД.Борбите продолжија во пустинските подрачја  на тој град во близина на ирачката граница.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР