Рускиот парламент ќе расправа за притисокот на САД врз руските медиуми

304
0
АКЦИЈА

Долниот дом на рускиот Парламент можеби на 15 ноември ќе расправа за предлог-законот за пропорционален одговор на притисокот на САД врз руската телевизија РТ и агенцијата Спутник, најави денеска претседателот на Државната Дума, Вјачеслав Володин.

Тој рече дека Русија има многу докази оти активностите на американските медиуми во Русија се насочени кон спротивставување на рускиот политички систем.

Претходно, пратеникот на Државната Дума, Петар Толстој, изјави дека Долниот дом на Парламентот почнува да подготвува предлози за воведување ограничувања по системот „мило за драго” против медиумите кои се финансираат од странство и објавуваат „непосакувани” содржини.

Тој нагласи дека мерките ќе бидат преземени како одговор на барањето на американското Министерство за правда, кое соопшти  дека руската телевизија РТ треба да се пријави како надворешен агент. 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР