ИРСН: Радиоактивен облак укажува на несреќа во Русија или во Казахстан

116
0
АКЦИЈА

Радиоактивен облак над Европа во изминатите неколку недели навестува дека се случила несреќа во нуклеарен објект во Русија или во Казахстан во последната недела во септември, соопшти денеска Францускиот институт за нуклеарна безбедност ИРСН.

Тие наведуваат дека несреќата се случила во нуклеарен рекатор и најверојатно станува збор за објект за третман на нуклеарно гориво или центар за радиоактивна медицина.

Институтот напоменува дека тоа нема влијание врз човековото здравје.

ИРСН во соопштение нагласува дека не можеле точно да одредат локација од каде се ослободува радиоактивен материјал, но врз основа на метеоролошки податоци, најверојатно станува збор за област јужно од планината Урал, меѓу Урал и Волга.

Тоа според нив, може да укажува на Русија или на Казахстан.

Во изминатите недели ИРСН и други институти за радиоактивна безбедност во Европа регистрирале високо ниво на рутениум 106, радиоактивен нуклид што настанува со делење на атом во нуклеарен реактор.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР