Зоран Милановиќ советник на албанскиот премиер Еди Рама

1565
0
АКЦИЈА

Поранешниот хрватски премиер Зоран Милановиќ веќе подолг период е еден од советниците на албанскиот премиер Еди Рама.

Ова го потврди лично Рама на денешната заедничката прес конференција во Тирана, со еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори,Јоханес Хан.

– Хрватска е одлична држава која е пример во регионот. Зоран е еден голем пријател, сум барал совети од него и ќе барам, тие се секогаш добредојдени. Сакам да кажам дека тој е толку добар со мене што  никогаш не е доцна кога дава совет, одговорл Рама на прашање на новинар на хрватски медиум.

Педесет и едногодишниот Милановиќ ја предводеше дванаесеттата хрватска влада од 2011 до 2016 година.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР