Села се уште чека покана од Заев: ДУИ нема ништо против АА да биде дел од власта

1291
0
АКЦИЈА

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, се уште чека покана од премиерот Зоран Заев за преговори околу составот на Владата.

Села го потсети Заев дека е негова обврската да ја состави Владата, а ги негираше информациите за имињата што излегоа во јавност за наследникот на Таравари, велејќи дека станува збор за манипулации.

Алијанса за Албанците нема ништо против другиот коалиционен партнер, ДУИ. Али Ахмети, рече дека е потребна волја и од другата страна владиниот кабинет да остане во истиот состав како сега.

Ахмети рече дека во текот на следните денови, ќе се сретнат уште еднаш со премиерот за да ги дефинираат прашањата што се отворија по локалните избори.

Првите проблеми во владата на Заев се појавија пет месеци по формирањето на владиниот кабинет, кога СДСМ отворено ги поддржа кандидатите на ДУИ, со што предизвика револт кај Алијанса за Албанците и со тоа се зголемија гласините за излегување на оваа партија од власта.

Фуркан Салиу

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР