Средба Димитров – Дармановиќ: Односите Македонија – Црна Гора пример за регионот

420
0
АКЦИЈА

Македонија и Црна Гора имаат отворени и неоптоварени билатерални односи, но потребно е да се работи на подобрување на економската соработка меѓу двете земји.

За ова и за други теми денеска во Скопје разговараа министрерот за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот гостин од Црна Гора, Срѓан Дармановиќ. Во фокусот било и унапредување на соработката за приближување кон ЕУ и зачленување на Македонија во НАТО, каде што Црна Гора стана член во јуни оваа година.

Министерот Дармановиќ беше примен и од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

„На денешната средба е потврдена оценката дека односите на нашите две земји се содржајни, квалитетни, неоптоварени со отворени прашања, и се пример за одлична билатерална соработка во регионот“, вели Дармановиќ.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР