Јункер: Европа мора да се спротивстави на сепаратизмот

16
0
АКЦИЈА

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја повика Европа да се спротистави на сепаратизмот во време кога каталонското инсистирање на независност длабоко ја подели Шпанија.

Спорот меѓу Мадрид и поддржувачите на независноста на Каталонија, поттикнат од референдумот од 1-ви октомври за отцепување од Шпанија, го зголеми сепаратистичкото расположение надвор шпанските граници.

– Национализмот е отров кој ја спречува Европа да работи заедно, изјави Јункер во говорот на шпанскиот универзитет во градот Саламанка.

– Не можеме да останеме со скрстени раце, бидејќи е време да го направиме она што треба да се направи. Велам „не” на секаков вид сепаратизам што ја слабее Европа и дополнително ги шири постојните недоразбирања, рече шефот на Европската комисија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР