Двонасочниот Македонско-албански речник презентиран пред министерката Дескоска

407
0
АКЦИЈА

Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска оствари средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер и со претставници од Нансен Дијалог Центарот кои и го презентираа Македонско-албанскиот и албанско-македонскиот речник.

На средбата, како што попладнево соопшти ресорното Министерство, министерката Дескоска истакнала дека во духот на толеранцијата и почитувањето на различностите, речникот ќе претставува мост за полесно разбирање меѓу младите.

– Со самото тоа што истиот е адаптиран за млади и лесна употреба, овој речник ќе биде практично применлив. Имено, овој речник треба да им послужи на најмладите, да го олесни изучувањето на албанскиот и македонскиот јазик, потенцирала Дескоска.

Министерката  го информирала високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ за Стратегијата за образованието 2018-2025, којашто е во финална фаза и оти постои консензус околу интегрираното образование кое е вклучено во сите нивоа на образование, почнувајќи од предучилишното, основното и средното образование.

Двонасочниот Македонско-албански и Албанско-македонски речник е подготвен на иницијатива на Нансен Дијалог Центар – Скопје и Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ. Достапен е електронски на веб-страница – http://hcnm-ndc.org или може бесплатно да се преземе како мобилна апликација.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР