Во Сараево приведен поранешен федерален министер за внатрешни работи

117
0
АКЦИЈА

Во Сараево е уапсен поранешниот министер за внатрешни работи во Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина Предраг Куртеш со уште три лица, поради сомнение за злоупотреба на положбата и овластувањата.

Акцијата ја изведе Федералната управа на полицијата по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина. Уапсените се товарат дека од 2011 до 2014 година подготвиле и склучиле договор со однапред договорен доставувач и тоа без да биде распишан тендер.

Тие се товарат дека на тој начин за себе стекнале противправна имотна корист во износ од половина милион евра и за тој износ го оштетиле буџетот на ФБиХ.

Станува збор за договор за набавка на компјутерска опрема заради воспоставување Единствен систем на централниот матичен регистар на Федерацијата БиХ.

Уапсениот поранешен министер е од редовите на Социјал-демократската партија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР