Атина Мургашанска од СДСМ претседaтел на Советот на Куманово

368
0
АКЦИЈА

Атина Мургашанска од СДСМ е избрана за претседaтел на Советот на Oпштина Куманово на денешната конститутивна седница. Мургашанска беше носителка на листата на СДСМ, по професија е правник, вработена во Североисточниот плански регион и координаторка на жените на СДСМ Куманово.

Пред изборот на претседателот беа верификувани мандатите на советниците, кои дадоа свечена изјава дека ќе работата чесно и ќе ги застапуваат интерeсите на граѓаните кои им ја дадоа довербата за 4 годишниот мандат.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР