Германија: Осуден болничар можно е да извршил убиство на 100 пациенти

363
0
АКЦИЈА

Германското Јавно обвинителство соопшти дека постои можност болничарот Нилс Хегелс, кој е осуден на доживотна затворска казна поради убство на две лица, да убил над 100 пациенти.

Обвинителството и полицијата во градот Олденбург објавија дека ја завршиле истрагата во две локални болници и откриле уште 16 нови случаи на убиства, за кои постои сомнеж дека ги извршил Хегел.

Кон крајот на август, како што јави МИА, беше соопштено дека се верува оти Хегел убил уште 84 лица, покрај оние две за кои е осуден.

Обвинителството очекува дека на почетокот на 2018 година ќе бидат покренати нови обвиненија против Хегел, кој ги усмртувал пациентите со вбризгување на прекумерна доза на лекарства за срце.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР