Промоција на Македонско-албански/Албанско-македонски речник за деца

386
0
АКЦИЈА

Првиот илустриран Македонско-албански/Албанско-македонски речник за деца денеска ќе биде презентиран пред учениците во ОУ „Братство“ во скопската општина Карпош.

Речникот ќе го презентира високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ – Висок комесаријат за национални малцинства (ВКНМ) Ламберто Заниер.

– Речникот е на линија на долгорочната поддршка на ВКНМ за политики насочени кон надминување на сегрегацијата во училиштата и во општеството како целина. Проширувањето на обемот на алатките за учење јазик за ученици од основно образование е директно во насока кон остварувањето на оваа цел. Речникот содржи по 4.500 термини од двата јазика и е преземен од наставната програма од повисоките одделенија во основното образование, информираат од минисјата на ОБСЕ во Скопје.

Појаснуваат дека се содржани и кратки осврти на граматиката на двата јазика и одреден број илустрации прилагодени на возраста. Изработен е од тим на експерти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Државниот универзитет во Тетово. Речникот исто така е достапен онлајн и како апликација за андроид и ајОС уреди.

Детскиот речник е подготвен од ВКНМ и Нансен дијалог центарот Скопје, со финансиска поддршка од германската влада.

Освен пред учениците во ОУ „Братство“ во Скопје, Македонско-албански/Албанско-македонски речник ќе биде презентиран и пред учениците од ОУ „Гоце Делчев“ од Гостивар.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР