Новиот градоначалник на Пехчево ја презеде функцијата

520
0
АКЦИЈА

Новиот градоначалник на Пехчево Драги Тренчовски, денеска ја презеде функцијата. Пред примопредавањето на функцијата најави ревизија на досегашното работење на општина Пехчево.

– Најпрво ќе направиме ревизија за да видиме во каква состојба ја затекнуваме општината, за да знаеме и ние по четири години што ќе оставиме на идната локална власт и сакам да кажам дека на овие избори не победи политичка опција, туку победија граѓаните на општина Пехчево кои сакаа промени и ние ќе работиме за сите граѓани на општина Пехчево без политичка верска или друг вид поделба, ќе изградиме услужна општина за сите, истакна Тренчовски.

Тој се заблагодари на сите членови на ОИК, членови на избирачките одбори, на институциите и на МВР кои овозможија фер и демократски избори во Пехчево, и ги најави и првите мерки кои се однесуваат на подобрување на условите за вработување на младите во Пехчево.

– Мораме да се фокусираме да ги задржиме младите во Пехчево, бидејќи имаме поразителен факт, а тоа е дека оваа година во прво одделение имаме само 14 првачиња, имаме масовно иселување на младите, а за првпат општина Пехчево има под 5.000 жители што значи дека има иселено над 650 млади луѓе, потенцираше Тренчовски.

Досегашниот градоначалник Игор Поповски му ја честиташе на Тренчовски победата на локалните избори.

–  Се заблагодарувам на соработката на тимот од општина Пехчево кој изминатиов период работеше со мене на реализација на многу проекти во општина Пехчево. Би сакал да се заблагодарам на сите гласачи кои ме поддржаа на овие избори и, секако сакам да му честитам на новиот градоначалник и да му посакам да продолжи да работи како што работевме, но и подобро, бидејќи целта на сите градоначалници е да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во општината, истакна Поповски.

Општинската изборна комисија денеска им ги додели уверенијата и на советниците во општинскиот Совет.

Инаку, Пехчево по 17 години добива локална власт предводена од СДСМ и мнозинство во советот, или шест советници наспроти пет од ВМРО-ДПМНЕ. Тренчовски освои 1.680 гласови наспроти Поповски кој ја доби довербата од 1.359 гласачи.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР