Зошто 4.2% од гласачките ливчиња се неважечки?! – Села: Ќе тужам за манипулации со изборите во Струга

1076
0
АКЦИЈА

Преку 45 илјади луѓе во неделата залудно отишле да гласаат. Намерно или не, нивното гласачко ливче се смета за невалидно. За такви се прогласени 4,2 отсто од вкупно милион и осумсто илјади граѓани со право на глас, од кои во неделата гласаа 59.51%. Од Алијанса за Албанците, велат дека многу од ливчињата завршиле како неважечки затоа што луѓето заокружиле и број 9 и број 2, за НДП и Унитети кои се во коалиција.Но од ДИК велат дека на време дале јасни инструкции за гласањето.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села се жали дека изборниот процес во Струга не беше демократски, додавајќи дека во последните два часа од гласањето 7 илјади гласови за СДСМ направиле пресврт, па на второ место се нашол Рамиз Мерко од ДУИ.

На локалните избори во 2013 година, неважечки беа преку 38 илјади ливчиња.

Кандидатот за градоначалник на општина Штип, Благој Бочварски вели дека 1.141 неважечки гласачки ливчиња во неговата општина се причината за втор круг гласање, каде што разликата меѓу него и досегашниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, е само 36 гласа.

Ади Ќаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР