Османи порача „да се преиспита коалицијата Беса – Алијанса“, Азири врати „не е твоја работа да решаваш за нас“

1652
0
АКЦИЈА

Здружувањето на локално ниво меѓу Алијанса за Албанците од владината коалиција, со Беса која реши да остане во опозиција, на централно ниво, според вицепремиерот Бујар Османи, налага промена во владината коалиција.

„Бидејќи станува збор за коалиција со опозициска партија, каде има и шпекулации за коалиција со опозициска македонска партија во таа група, мислам дека коалициските партнери ќе седнат и ќе донесат одлука, што понатаму“, изјави Османи.

На ова веднаш одговори Алијанса за Албанците. Заменик министерот за труд и социјала, Илми Азири на Османи му порача дека не е тој кој одлучува.

„ За среќа, господинот Османи не е тој што одлучува за позицијата на Алијанса за Албанците на политичката сцена во Македонија, а со тоа не одлучува ниту за позицијата на Алијанса за Албанците во Владата“, реле Азири.

Азири додаде дека Алијанса за Албанците е дел од владата заради потребата од реформи во албанскиот политички блок, и дека и во иднина ќе останат фокусирана на таа цел. Но веднаш откако стана јасно дека Беса и Алијанса ќе соработуваат во вториот круг од изборите, во јавноста исплива информацијата дека местото на Алијанса во владата ќе го заземе ДПА на Мендух Тачи. Партијата за сега, оваа можност не ја негира.

Фуркан Салиу

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР