ЛШ: Реми на Реал Мадрид и Тотенхем, Наполи поразен од Манчестер сити

346
0
АКЦИЈА

Вечерва се одиграа натпреварите од третото коло од групната фаза од Лигата на шампионите. На дуелот одигран во Мадрид, Реал ремизираше против Тотенхем со резултат 1-1.

Први до водство стигнаа играчите на Тотенхем, преку автоголот на Рафаел Варан во 28-та минута од мечот. Израмнување и бод за „кралевите“ донесе Кристијано Роналдо.

Калчолигашот Наполи доживеа пораз на гостувањето кај Манчестер сити со резултат од 2-1. Стерлинг и Хесус ги доведоа „граѓаните“ во водство од 2-0, додека пак Диавара од пенал, во 73-та минута погоди за Наполи. Претходно, Мертенс не реализираше удар од белата точка при крајо на првото полувреме.

Останати резултати:

АПОЕЛ – Борусија Дортумнд (1-1)

Феенорд – Шахтјар Доњецк (1-2)

Марибор – Ливерпул (0-7)

Монако – Бешикташ (1-2)

Лајпциг – Порто (3-2)

Спартак Москва – Севилја (5-1)

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР