Младинците на Шкендија елиминирани во Лигата на шампиони

38
0
АКЦИЈА

Младинскиот тим на Шкендија го заврши својот настап во Лигата на шампионите, откако не успеја да ја мине словачката екипа Нитра.

По минималниот пораз (0-1) на гостувањето, младинскиот состав на Шкендија денеска одигра нерешено 1-1 во реванш дуелот кој се играше на теренот крај Фудбалската федерација на Македонија во Скопје.

Уште во седмата минута, гостите од Словачка, со голот на Мариан Чобот поведоа со 1-0, што дополнително им ја отежна работата на младите тетовци, бидејќи на Шкендија за пласман во следната рунда и беа потребни најмалку три гола.

Иако надежта малку ја подгреа Албан Расими кој во 25.минута го израмни резултатот на 1-1, сепак до крајот на мечот истиот остана непроменет.

Домашниот тим се обидуваше преку Зејнулаи, Шерифи, Рамадани, но безуспешно, а Нитра ја имаше најубавата шанса и во вториот дел, откако Марек Фабри во 74.минута ја погоди стативата.

Сепак на крајот мечот резултатот остана 1-1, а со вкупни 2-1 екипата на Нитра се пласира во следната рунда.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР