Прва победа за Куманово во БИБЛ лигата

25
0
АКЦИЈА

Кошаркарите на Куманово ја забележаа првата победа во новата сезона на регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Минатогодишниот финалист, Куманово вечерва пред својата публика го совлада црногорскиот тимот Ибар со 96-92.

Најефикасен во екипата на Куманово беше Марјан Јаневски кој средбата ја заврши со 22 поени, додека Димитар Караџовски постигна два помалку (20).

Следниот меч на 25 октомври кумановци го играат пред својата публика, кога ќе го пречекаат бугарскиот тим Академик Бултекс од Пловдив, кој денеска ја победи екипата на Тирана со 75-62.

Утре од 18 часот и 30 минути, својот втор меч во БИБЛ конкуренцијата ќе го одигра вториот македонски претставник екипата на Блокотехна која на домашен терен за противник ќе го има составот на Башкими.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР