Илија Темелковски нов тренер на Еурофарм Работник

361
0
АКЦИЈА

Нов тренер на екипата Еурофарм Работник од Битола е Илија Темелковски. Тој ќе го замени Андон Бошковски кој спогодбено го раскина договорот со битолскиот суперлигаш.

– Со голема чест и задоволство ја информираме спортската јавност дека за нов тренер на РК Еурофарм Работник е назначен Илија Темелковски. Докажаниот ракометен тренер и поранешниот селектор на машката младинска и сениорска ракометна репрезентација, потпиша двогодишен договор со нашиот клуб. Предизвиците и зацртаните цели на екипата во оваа сезона се големи. Раководството на клубот смета дека со изборот на Илија Темелковски за прв тренер на екипата зацртаните предизвици и цели ќе се остварат во целост, пишува клупското соопштение.

Темелковски го предводеше тимот на Пролет од Скопје, а ова лето со младинската репрезентација на Македонија го освои 6.место на СП во Алжир.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР