Арифи: Дајте ми втор мандат за да ги завршам почнатите проекти

405
0
АКЦИЈА

На денешната прес конференција Теута Арифи, ги претстави сите реализирани  проекти во текот на четиригодишниот мандат, а сега како кандидатка за градоначалничка од редовите на ДУИ, бара втор мандат за да ги доврши започнатите проекти. Таа рече дека започнале постапка за добивање на 33 милиони евра од ИПА фондовите за да ја довршат започнатата канализациона мрежа и менаџирањето со отпадот. Арифи тврди дека ќе го растерети сообраќајниот метеж со отворањето на новиот булевар, ќе се изградат две катни гаражи и подземени паркинзи. Инаку, централниот митинг ДУИ вечерва ќе го одржи токму во Тетово.

„Ова подразбира  покриеност на цел град со канализациона мрежа, изградба на два колектори и една филтер станица за фекалните води на локацијата Фалишта. Исто така веќе почнавме да работиме на изградбата на станицата за селекција  на секундарен отпад, по стабилизирањето на нашето ЈП по изградбата на нашата примарна станица за товар и истовар и по целосното расчистување на депонијата“, рече Арифи.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР