Шилегов и Трајановски на висок тон – „Не бидете арогантен, да излеземе на дуел“ повика кандидатот од СДСМ

1786
0
АКЦИЈА

Дојдоа да потпишат заеднички договор, но завршија со меѓусебна расправија. Кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и Коце Трајановски, заедно со уште четворица од помалите политички партии, ставија потпис на Платформата за чист воздух во главниот град. Но веднаш потоа влегоа во вербален дуел. Шилегов ја обвини претходната влада и актуелниот градоначалник за високото ниво на загаденост на Скопје.

На ова веднаш  реагираше актуелниот градоначалник Коце Трајановски.

 „Платформа за чист воздух“ ја покрена граѓанската иницијатива О2, која неодамна организираше и протест во Скопје поради екстремната загаденост на воздухот особено во зимските месеци. Речиси сите кандидати за градоначалници ветуваат различни мерки за спречување на загаденоста, но двајцата главни кандидати , Шилегов од СДСМ и Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ до сега немаа можност заеднички да расправаат на оваа тема, поради одбивањето на актуелниот градоначалник да дебатира со својот политички соперник.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР