Алијанса вчера во Дебар, вечерва во Гостивар, Села порачува, „да ги тргнеме тие што 15 години не прават ништо“

585
0
АКЦИЈА

Алијанса за Албанците вчера одржа митинг во Дебар. Претседателот на оваа партија, Зијадин Села побара од дебарчани да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник, Арбен Аголи, кој што презентираше политичка платформа за проектите кои што може да ги реализира во текот на неговиот четиригодишен мандат. Тој од своите сограѓани побара поддршка и за кандидатите за советници. Во својот говор, Села изрази загриженост заради неговите политички противници кои што ги уценуваат активистите на Алијанса за Албанците, нудејќи им пари за нивниот глас.

„Не можеме веќе да им веруваме на нашите политички противници, кои се гордеат  со своите деала, а тоа се само неуспеси за суштината на локалната власт- како што е процесот на децентрализација што беше предвиден со Охридскиот договор и, такви луѓе не можат да бидат успешни“, изјави Села.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР