Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска, Ангелов од Судот си замина со пцости

2048
0
АКЦИЈА

Четири години затвор му изрече Скопскиот кривичен суд на Панче Ангелов, обвинет за насилство врз тогаш пратеничката Радмила Шекеринска во Собранието на 27 април. Судијката Џенета Бектовиќ образложувајќи ја пресудата рече дека ги ценела олеснителните околности како признаената вина, каењето, неговата возраст и тоа што тој претходно не бил осудуван. Но преовладале отежнувачките околности па затоа му е определена казна повисока од дозволениот минимум.

Судијката читајќи ја пресудата наведе дека со оваа казна ќе се постигне целта на казнувањето – односно, обвинетиот во иднина нема да се осмели да стори слично кривично дело, а оваа казна превентивно ќе влијае на останатиот дел од јавноста.

65-годишниот Ангелов во судница мирно ја дочека пресудата, но зградата на судот ја напушти со псовки.

Единствено рече дека казната што ја добил е превисока.

На претходното рочиште Ангелов и се извини на Шекеринска и целокупната јавноста велејќи дека во целата еуфорија постапил преемотивно. Но и тогаш остана на тврдењето дека целта не му била да ја повреди пратеничката, туку како што рече, сакал само да ја тргне од гужвата.

Михајло Видимлиски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР