„Југохром“ останува под клуч, прво филтри, па потоа ќе се вклучат печките

558
0
АКЦИЈА

На три дена пред локалните избори Владата и „Југохром“ потпишаа договор дека на оџаците на  тетовската фабрика конечно ќе бидат вградени  филтри. Прашањето на „Југохром“ ги засега сите во полошкиот регион, граѓаните, вработените во фабриката, раководството и газдите, па затоа се отвора прашањето дали овој  договор не можеше да почека барем за понеделник. Во изборните програми, сите кандидати бараат решенија токму за металуршкиот комбинат, односно за загадувањето на воздухот во Тетово и регионот.

 „Југохром“ нема да работи ниту еден ден без филтри, гарантираат од компанијата. Систем за отпрашување на сите печки го чини металуршкиот комбинат 12 милиони евра.

Од синдикатот на компанијата очекуваат што поскоро работниците да се вратат на работа бидејќи тие се дома речиси цела година, а фабриката е  под клуч. Синдикалците побараа  владата да направи притисок,  газдата на Југохром што поскоро да се фати за работа и да почне ги мести филтрите. Егзистенција од оваа фабрика имаат повеќе од 700 семејства.

ТВ 21 побара став и од невладината Еко Герила која најгласно се спротивставуваше на работењето на „Југохром“ без соодветната опрема. Тие порачаа владата јавно да го објави договорот што го потпишаа со комбинатот и бараат гаранција дека фабриката нема да работи без филтрите.

 Инаку на неколку пати Југохром го прекршуваше рокот за местење на филтри  по што во прашање им беше доведена интегрираната дозвола за работа, потребна на еден ваков индустриски гигант. Од раководството се правдаат дека виновна за тоа е претходната влада бидејќи процесот бил заглавен во обемната бирократска процедура.

Иле Петревски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР