„Тврдкорните“ кај Иванов, бараат да му го одземе мандатот на Заев

531
0
АКЦИЈА

Група на здруженија, меќу кои и „Трдокорни“ протеситеаат пред претседателската резиденција  и бараат претседателот Ѓорге Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев.

Според нив, Заев не се придружува кон дадените гаранции и работи против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата.

„Македонските носители и бранители на државниот суверенитет имаат барање за одземање на мандатот на З.З. – СДС поради непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата. Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата од сите дејства со кои земјата/државата (Р. Македонија) и македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација, стои во соопштението од „Тврдокорни“.

Мирниот протестен марш почна во 17 часот пред Канцеларијата на делегацијата на Европската Унија на булеварот Св. Кирил и Методиј каде што „Тврдокорни“  се обратија до ЕУ и НАТО со 12 протестни барања и им предадени дел од протестните текстови.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР