Здраво и чисто Зелениково, ветување на Александар Манев од ВМРО-ДПМНЕ

622
0
АКЦИЈА

Граѓаните на Општина Зелениково заслужуваат да живеат во општина која претставува пристојно место за живот, која подеднакво ќе ја посакуваат староседелците и дојдените, инвеститорите и градителите, старите и децата, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Александар Манев. Тој вели дека неуморно ќе се грижи средината за живеење да биде чиста и незагадена кој е еден од предусловите кои ги бара секое семејство а посебно најмладите.

„Со урбанизацијата на просторот, младите искористувајќи ги политиките за станбено финансирање ќе имаат можност да основаат дом во чиста и незагадена средина за живеење. Имаме проекти за подобар живот, за изградба на потребната инфраструктура, за развој на спортскиот дух кај младите, за здрава животна средина“, рече Манев.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР