„Нема незаконско прислушување“, Владата негира злоупотреба на службите

366
0
АКЦИЈА

Привршуваат реформите на управата за безбедност и контраразузнавање, како и  измените на законот за следење на електронските комуникации во Македонија. Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, вели дека измените се клучни за да се спречи нова злоупотреба на системот за прислушување.

Во дебатата се очекува да бидат вклучени домашни и странски експерти, но и домашна јавност. Бошњаковски појаснува дека со последниот предлог на Владата, таа не му налага туку му предлага на Уставниот суд да ја запре постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, кој и овозможува на УБК директно да прислушува преку телекомуникациските оператори.

„Гарантираме дека во моментов можна злоупотреба, невозможно е да се случи, на ПИ мерките. Директорот на УБК јавно и транспарентно кажа дека во моментов се што се случува таму е исклучиво со почитување на целосната законска процедура. Без налог од Обвинителство не може во Македонија повеќе да се користат посебни истражни мерки“, рече Бошњаковски.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР