Села: Не гласајте за мене поради асфалт, туку за кауза

1445
0
АКЦИЈА

На вчерашниот митинг на Алијансата за Албанците одржан во струшкото село Велешта, лидерот на ова партија Зијадин Села рече дека ова населено место не е само негов бастион, туку на сите Албанци.

Кандидатот на Алијансата за Албанците за градоначалник на Струга изјави дека не бара поддршка за асфалтирање на улици и патишта, туку, за унапредување на албанската кауза. Инаку во реакцијата на ова партија, се вели дека не е вистина дека тие ќе го подржат Елвис Бајрам и Инаку, Алијансата за Албанците, вечерва ќе одржи средби со жителите на Врапчиште, а централниот митинг ќе го одржи во Дебар.

„Во борбата меѓу новото и старото, ќе победи Алијансата за Албанците затоа што знаеме дека зад нас стојат мажи кои ги туркаат процесите напред. Знам дека овие мажи, не смеат да се тргнеат ниту еден момент од националната кауза“, рече Села.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР