Ахмети од Дебар: Граѓаните сакаат членство во НАТО

587
0
АКЦИЈА

 

Граѓаните на нашата земја сакаат прогрес, членство во НАТО и ЕУ, слободно движење, силна економија, стабилност – порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вечерашниот митинг во Дебар, во кој што беа претставени кандидатот за градоначалник и листата на општински советници.

Според него, Македонија во текот на претходинте две години имала политичка криза која можела да предизвика и меѓуетнички конфликт, но со помош и поддршка на меѓународните партнери Македонија успеа да излезе од неа.

Тој ги повика жителите на Дебар да го поддржат, Ружди Лата, поради тоа што тој се ангажира Дебар да го направи европски град и дека тој оваа го докажал во текот на претходните четири години.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР