Заев: Струмица е наша, јас ги знам струмичките бизнисмени

1559
0
АКЦИЈА

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва имаше митинг во Струмица. Тој пред струмичани изјави дека и во иднина во Струмица СДСМ ќе продолжи да ја води Општината.

Ова беше одличен момент да зборувам за перспективите, кога Струмица како една од поразвиените општини во Македонија, може да трасира посовремени, уште дополнително по авангардни патишта за развој и раст коишто секако ќе придонесуваат во секојдневниот раст на Република Македонија. Јас ги познавам струмичките бизнисмени многу добро, сум соработувал долги години со нив и верувам дека капацитетот што го носат со себе, ќе биде одлична можност за развој на Општина Струмица и ќе дава сериозен придонес за развој на Република Македонија, изјави Заев од Струмица.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР