ДПА вечерва со собир во центарот на Тетово

409
0
АКЦИЈА

Демократската Партија на Албанците вечерва ќе одржи средба во центарот на Тетово, додека вчера оваа партија беше во село Свиларе. Кандидатот за градоначалник од редовите на оваа партија, Сефедин Алиу истакна дека ќе победи на овие избори и дека Сарај ќе ги има сите добри работи исто како Ѓорче Петров.

Алиу истакна и неколку точки од неговата програма за која рече дека ја поделил на два дела. За првиот дел според него нема потреба за пари туку работа, бидејќи станува збор за собирањето на отпадот со цел Сарај да биде што по чиста општина, да има максимална транспарентност, здравствени и административни услуги за жителите на Сарај.

„Ќе победиме за да го направиме Сарај таков како што заслужува да биде, убав, добар, среден, Сарај на град Скопје, на заедниците на град Скопје, со добра инфраструктура, со средени улици, Сарај со економски развој и со сите добрини кои може да ги има една општина“, додаде Алиу.


НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР