Земјоделците ги плаќаат штетите од невремето

373
0
АКЦИЈА

Беким Јашари го бере грозјето. Додека тој се обидува да го обере подоброто грозје, се жали дека поголемиот дел од грозјето му се оштетило како последица од дождот и градот.

„Еве колку е оштетено. Видете. Има уште по оштетени од ова, еве ова тука. Од ова грозје не очекувам ништо, а од друга страна имам трошоци. Дождот ни направи голема штета. Не само што го оштети грозјето туку ни ги уништи и другите овошја“, вели Јашари.

Беким вели дека трудот кој го вложува за да може да има добра берба, не му се исплаќа.

„Трудот не ми се исплаќа, имаме големи трошоци, орањето на нивата и другите работи, трошоците за одгледување на нивите“, додава Јашари.

Според Беким, цената на грозјето ова година е пониска од минатата година, но вели дека е оптимист и дека ќе продолжи да работи.

Поради невремето, дел од земјоделците оваа година пред време го обраа родот. Според експертите, за да не им пропаѓа родот и да немаат големи загуби, земјоделците треба да контактираат со земјоделски експерти кои можат да им дадат препораки околу тоа како треба да се заштитат растенијата.

Африм Јонузи

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР