Борба со болест и сиромаштија: Семејството Петерле моли за помош

393
0
АКЦИЈА

Марко Петерле е тинејџер кој не може да ужива во животот исто како и неговите врсници, бидејќи има аутизам и живее тивок живот, затворен помеѓу четири ѕидови.

Неговата мајка Сузана вели дека помошта која ја земаат за детето не е доволно ниту за лековите кои му се потребни на Марко и вели дека има денови кога немаат ниту за храна. Таа не може да работи бидејќи на Марко му е потребна постојана грижа.

Таткото на Марко, иако има 25 годишно искуство како возач на камиони, сепак не успева да најде постојана работа.

Си заминавме од ова семејство оставајќи ги во голема тага, но со надеж дека еден ден хуманите луѓе ќе им пружат рака за да им го олеснат животот.

ТВ21

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР