Неизвесно е кога Врховен суд ќе одлучи за „Монструм“

60
0
АКЦИЈА

Различни очекувања околу можната разврска на случајот „Монструм“ пред Врховниот суд, но и различни се толкувањата околу рокот во кој највисокиот суд треба да одлучи.

Поранешниот истражен судија од гостиварскиот Основен суд, Сејфула Османи, вели дека општите рокови важат и за овој суд, односно дека по јавната седница во рок од 60 дена треба да има одлука. Иако како што вели, лошата пракса на пречекорување на роковите е почеста кај судовите, очекува предметот да се врати на повторно одлучување.

„Мислам дека во овој случај Врховниот суд треба, врз основа на доказите и околностите и фактичката состојба да утврди дали навистина во тој случај се е расчистено, што по мое сметам дека не е, и имаше доста нелогичности и недоследности, од она што знаеме преку медиумите. Убеден сум и верувам дека ќе има решение“, истакна Османи.

На прашањето од ТВ 21 до Врховен до кога судот треба да донесе одлука, оттаму не даваат прецизен одговор.

„Во однос на рокот за носење одлука за предметот во врска со убиствата кај Смилковското езеро, согласно одредбите од ЗКП ќе биде изготвена одлука и истата ќе се достави до странките во постапката“, велат од Врховен суд.

Откако обвинителката која го застапува предметот пред Врховен, Лилјана Спасоска побара укинување на првостепената и второстепената пресуда за случајот, и истражниот судија во предметот Владимир Туфегџиќ изрази сомнеж за правната валидност и подобност на доказите. За универзитетскиот професор Гордан Калајџиев обвинителството не може да бара ослободување доколку не е сигурно во докажување на намерата.

„Тоа е една од поголемите тешкотии на секој обвинител а и на секој судија и на совеста на секој од нас кога некого ќе осудиме за кривично дело. Во принцип за тоа е и целата оваа приказна. Доколку навистина не сме сигурни, немаме сериозни сомневања да оптираме на ослободување“, вели Калајџиев.

Ако одлуката на Врховен е спротивна од барањето на обвинителството, обвинителката Спасоска најави дека на располагање и стои уште еден механизам преку кој може да се преиспитаат доживотните казни затвор и законитоста на постапката, а тоа е да поднесе Барање за заштита на законитоста.

Михајло Видимлиски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР